Македонија
2. April 2021 - 10:40

Мицкоски: Дијаспората само се евидентира, ќе го признаеме само резидентното население

Опозицијата ќе го признае само резидентното население во Македонија. Оваа информација вчеравечер на ТВ 21 ја сподели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вели дека тоа што го прави дијаспората сега е едноставно евидентирање.

„Затоа што се попишува, според Евростат, резидентното население. Тоа значи дека населението кое што во моментот се наоѓа во Македонија или 12 месеци наназад живеалиштето им било тука, во Македонија и не го одјавило своето живеалиште. 12 месеци и еден ден тоа значи дека не влегуваат во населението кое што е резидентното, односно населението кое што е тука и треба да се попишува“, посочува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека населението кое што е во Македонија е резидентно население и токму тоа е статистичка база, додека пак населението кое е пријавено во друга држава е попишано во тие држави.

„Не можеме тоа население да го попишуваме 13 пати, се знае кое население се попишува“, порача Мицкоски.