Бизнис
5. February 2021 - 16:37

Мицкоски бара мерки за спас на економијата

Помош за стопанството – веднаш, побара лидерот на опозицијата Мицкоски. Економијата оди во бездна, секој ден се затвораат бизниси, се отпуштаат работници. Досегашните мерки не се доволни. Потребна  е вистинска помош, а не ваква, со поткуп, како што ја дава актуелната власт, смета Мицкоски. Според него,  и полнењето на буџет, не оди според планот. Затоа и повратот на ДДВ кај фирмите е низок.

„Приходите во буџетот во јануари се за 3% помали од планираното, а за над 7,5% од јануари минатата година. По основ на вратен ДДВ кај фирмите, во јануари се исплатени за 600.000.000 денари помалку или вратени се 1,9 милијарди денари, а лани во истиот месец повратот изнесувал 2,5 милијарди денари, изјави Христијан Мицкоски“, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку Мицкоски, најавува интензивни средби со стопанствениците наредниов период, за да ги слушне проблемите со кои се сочуваат и да понуди решенија за подобрување на климата за водење бизнис во нивната предизборната  кампања.