Мицевски: Џафери прави се интерпелациите за Николовски и Маричиќ да не се најдат на седница
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на прес-конференција го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека правел се за да се спречи на дневниот ред на денешната седница да се најдат интерпелациите што ги поднесе неговата партија за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, додавајќи дека „продолжува праксата на самоволие и непочит кон Деловникот од страна на Коалицијата СДСМ-ДУИ“.
– Целта на овој начин на работење е да се замолчи опозицијата, да се претвори Собранието во институција која ќе биде слуга на тесните интереси на оваа коалиција за неправда, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Според него, граѓаните секојдневно се сведоци на „зголемен степен на корупција“ и оти „нема ниту еден чекор насочен кон реформа на правосудството“.
– Затоа, потребно е час поскоро да се отвори седница за одговорност токму на министрите кои се надлежни во овие две области. Но, претседателот на Собранието спротивно на Деловникот денеска правеше се за да се спречи седница со интерпелација на дневен ред. Веројатно заради реалноста која сите ја гледаат, мнозинството прави се за да не се оддржи седница за интерпелација. Ова однесување е неодговорно, спротивно на сите демократски начела и го претвара Собранието во Собрание на авторитарна држава. Токму ваквите чекори го потврдуваат атрибутот хибриден режим, рече Мицевски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација