Бизнис
27. October 2017 - 16:12

МФ: Исплатите кон НВО се редовни трансфери

Министерството за финансии преку соопштение појаснува дека трансферите направени кон спортските федерации, Црвениот крст и Противпожарниот сојуз се редовни трансфери кон невладиниот сектор.

- На 26.10.2017 година извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт согласно планираниот буџет кон спортски федерации и клубови, како и за учество на меѓународни натпревари од околу 26,4 милиони денари. За оваа цел најголем дел од средствата согласно закон се обезбедуваат од приредување посебните игри на среќа и истите се користат за финансирање на спортот, за спортските федерации и клубови, наведуваат во Министерството за финансии.

Додаваат дека на ист начин се обезбедуваат и средствата кои Министерството за труд и социјална политика ги исплаќа на Црвениот Крст, а кои, исто така, спаѓаат во ставката трансфери кон НВО и се редовни исплати. За оваа намена како што наведуваат во текот на вчерашниот ден исплатени се 500 илјади денари.

Во соопштението стои дека 525 илјади денари, е исплатата што Агенцијата за заштита и спасување ја извршила кон Противпожарниот сојуз.