Македонија
9. March 2018 - 11:08

Метеоролозите со нови информации - следува невреме во Македонија

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на повеќе места значително облачно, особено на југот. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.

До недела времето ќе биде стабилно и суво. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Потоа следува превсрт. Метеоролозите за наредна недела најавуваат нови промени.  Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.