Метеорит удри во Месечината
Јапонскиот астроном Даичи Фуџи, инаку куратор на Градскиот музеј во Хирацука, снимил блесок на метеорит којшто се судира во Месечината. Ова се случило на 23 февруари, кога вселенското тело удрило близу кратерот Иделер Л.
Метеорите, во просек, се движат со брзина од околу 48.280 км/ч, па честопати при удар, поради големите брзини се создава интензивна топлина и настанува кратер, односно се случува еден вид експлозија. Таквите настани, доколку се доволно големи и се случат во текот на лунарната ноќ, на страна на Месечината свртена кон Земјата, се видливи за луѓето, објави порталот „Спејс“.
– Новосоздадениот кратер, веројатно, е со дијаметар од 10 метри и би можел да е снимен од Месечевиот извиднички орбитер на НАСА или индискиот „Чандрајаан 2“, изјави Фуџи.
Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат по влегувањето. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите коишто не би стигнале до површината на Земјата, обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов „украс“ во нејзината и онака живописна површина со кратери.
Ново на Сител
-
Јавна дебата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: Власта никој не ја овластил да менува Устав
-
Мицкоски: Ќе го блокираме Законот за амнестија кој го пуштија по скратена постапка
-
Локализиран пожарот во атарот на Соње, ангажирани „ер трактори“ и хеликоптери од МВР
-
Фудбалскиот Мундијал 2030 на три континенти
-
Украинците со дронови уништиле противоздушен систем С-400 на руско тло
-
Во Ерусалим уапсени петмина Евреи поради плукање на христијани
-
Пожар во атарот на селото Соње во општина Сопиште, ангажирани три „ер трактори“
-
Напаѓачите, кои ја детонираа бомбата пред зградата на МВР во Анкара, во Турција влегле од Сирија