Loading Video...
Ракомет
23. September 2020 - 10:12

Металург со два гола предност патува на реваншот против Криенес

Ракометарите на Маталург обезбедија два гола предност за реваншот против Криенес во квалификациите за Лигата на Европа
 
Тиморт на Металург го совлада швајцарскиот претставник Криенс со 26:24 (14:13), во првиот меѓусебен натпревар, од последното квалификациско коло за влез во групната фаза во Лига Европа.
 
Средбата што се играше во СЦ „Јане Сандански“ мина во израмнета борба во која ниту еден од тимовите немаше повеќе од два гола предност. 
 
Маталурзите го добија првиот дел од го, разлика 14-13, но во второрот полувреме гостите гостите направија предност од два гола во 43.минута кога водеа со 19-17. Сепак избраниците на Кастратовиќ по голема борба во 54.минута го презедоа водството кое до крајот го сочуваа и заслужено се радуваа на победа со конечни 26-24. 
 
Со по 8 постигнати голови најефикасни во екипа на Металург беа Хорват и Тарабокија, додека за гостите Папеж постигна 6.
 
Реванш натпреварот во Луцерн ќе се игра во вторник (29 септември со почеток од 18:45 часот), по што ќе биде познато дали Металург ќе му се прикчучи на Еурофарм Пелистер во групната фаза од ова натпреварување.