Loading Video...
Ракомет
16. December 2018 - 16:08

Металург по изненадување во Нашице кај Нексе

 
 
Ракометарите на Металург вечерва во Нашице против Нексе го играа дванаесеттиот меч во регионалната СЕХА лига. 
 
За разлика од хрватскиот тим кој е со амбиции за влез во големата четворка., а со тоа и пласман на фајнал-форот, ракометарите на Металург се во долниот дел од табелата.
 
Со само еден триумф и едно реми, односно дури девет порази, тимот од Автокоманда е на претпоследно на табелата. Имајќи ги в предвид традицијата која е на страната на Нексе кога во прашање се дуелите во Нашице, како и моменталниот квалитет на екипите, јасно е дека хрватската екипа ја има улогата на фаворит. 
 
Впрочем и првиот овосезонски дуел одигран во Скопје го добија ракометарите на Нексе со 32-27, имајќи ја контролата над резултатот во текот на целиот меч. 
 
Ќе најдат ли решение и сили избраниците на Брестовац да направат изненадување, останува да се види по одигрувањето на дуелот чиј старт е закажан за 20 часот и 15 минути.