Македонија
8. October 2018 - 14:30

Местел светилка на бандера и се слизнал - гостиварчанец се здоби со тешки повреди

Гостиварчанец се здобил со тешки повреди откако паднал од скала додека местел светилка на бандера.

- На 07.10.2018 година околу 15.30 часот, З.А.(78) од село Чегране, гостиварско, додека менувал светилка на бандера од улично осветлување во селото Чегране, се лизнал од скалата и паднал на земја. При падот З.А. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно бил префрлен на скопските клиники, стои во билтенот на МВР.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за рачистување на случајот.