Меси за конфликтот со Абидал: Не можев да дозволам спортскиот директор така да ме нападне
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, уште еднаш се осврна на конфликтот со клупскиот спортски директор Ерик Абидал.
– Не знам што се случи со него и зошто го рече тоа. Но, одговорив на неговите зборови затоа што се чувствував нападнато. Премногу се зборува дека играчите отпуштаат и назначуваат тренери, носат играчи во клубот. Ова е особено насочено кон мене. Се мисли дека имам големо влијание и донесувам одлуки. Се чувствував непријатно за тоа што го кажа спортскиот директор, нагласи Меси.
Тој потенцира дека во центарот на таквата одлука како оставка на тренерот е Абидал и побара да преземе одговорност.
– Неговата изјава прво ги навреди сите фудбалери и затоа му реков да даде конкретни имиња и да каже на кого мисли. На лично ниво, исто така мезасегна. Веќе зборував за ова погоре. Не е точно дека јас одлучувам за назначување и отпуштање на тренерите, нагласи Аргентинецот.
Спортскиот директор на Барселона, Абидал по заминувањето на поранешниот тренер Валверде, изјави дека некои фудбалери не го давале максимумот и поради тоа влезе во конфликт со ѕвездата на каталонскиот клуб.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк