Фудбал
8. April 2018 - 10:20

Меси го „растури“ Леганес

Нема поштеда за Лео Меси. Иако се очекуваше да одмора на средбата со Леганес, Аргентинецот ја потврди својата класа и важноста во играта на  Барселона, постигнувајќи хет-трик за 3:1 победа за уште еден чекор кон освојувањето на шпанската титула.
 
Дека на „Ноу Камп“ ќе има уште една вечер во која Меси е првата ѕвезда стана јасно уште во 27. минута, кога Аргентинецот постигна прекрасен гол од слободен удар, негов шести оваа сезона во Шпанија, со што го израмни рекордот на Роналдињо.