Живот
2. October 2016 - 15:01

Меркур и Венера ви носат нови познанства, флерт и патувања

Планетата на комуникациите Меркур толку многу се доближи до Венера во Лав што практично образува конјукција, односно аспект што го засилува влијанието на двете планети.

Истовремено и двете планети оваа недела образуваат хармоничен аспект со Сатурн, симболот на минатото, а напнати аспекти со Нептун и Плутон, симболите на заблудите, измамите и доминацијата. Поради овие нехармонични аспекти, ќе паднат маските па многумина ќе го покажат сопственото вистинско лице…

Поголеми се шансите и за заминување на некое пократко патување, со емотивниот или пак со бизнис партнерот. Се интензивираат контактите со странците, а растат и шансите за добивка во игрите на среќа. Со оглед на тоа што и двете планети се во Лав, знакот на креативноста и спортот, среќата им се насмевнува на спортистите и на уметниците, пред се, поради тригонот со Сатурн што во прв план ги става оние што сопствената кариера ќе ја крунисаат со значајни успеси и трофеи.

Овој аспект влијае на сите знаци, а особено на Биковите, Вагите, Близнаците и Девиците.

Овен

Конјукцијата меѓу Мерку р и Венера во вашето петто астролошко поле придонесува за вашата популарност, особено кај спротивниот пол. Можно е зголемување на приходите преку соработката со странци.

Бик

Спојот на вашиот владетел Венера  во вашата четврта астролошка куќа со Меркур, навестува можност за обнова на врската со поранешниот партнер. Можен е прилив на пари преку купопродажба на недвижности.

Близнаци

Венера и вашиот владетел Меркур во третото астролошко поле ви носат нови средби и познанства, особено со личности што студираат, работат во медиуми или со странци.

Рак

Спојот на Венера и Меркур во вашата втора астролошка куќа навестува можност за романса со колега. Поголеми се шансите за договарање исплатливи работи, доколку соработувате со странци.

Лав

Планетата на младоста во близина на Венера во вашиот знак ве прави популарни кај спротивниот пол. Можна е средба со некоја поранешна симпатија. Ако сте уметник, спортист или пак ако работите во медиуми ќе бидете успешни.

Девица

Вашиот владетел Меркур заедно со Венера во астролошкото поле на привсатноста и тајните ве предупредува дека емотивниот живот треба да го чувате подалеку од очите на јавноста. Ве очекува продолжување на соработката или нов проект со странци.

Вага

Меркур со вашата владетелка Венера во астролошката куќа на дружењето и општествениот живот ви носи нови средби и симпатии. Личност што соработува со странци може да ви пружа финансиска поддршка.

Скорпија

Патувањата и соработката со странците може да имаат големо внимание на вашиот емотивен живот, па можете да ја обновите врската со некоја стара симпатија. Една риба може да ви понуди дополнителна или хонорарна работа.

Стрелец

Спојот меѓу владетелот на вашето поле на љубовта и Венера во деветтото астролошко поле ви носи можност за воспоставување на соработка со странци. На некое бизнис патување можете да запознаете мошне атрактивна и харизматична личност.

Јарец

Венера и Меркур во вашата астролошка куќа на парите и страстите ви носат средба со мошне харизматична личност. Ако работите во медиуми или во маркетинг поголеми се шансите за воспоставување соработка со странците од земјите со француското јазично подрачје.

Водолија

Конјукцијата меѓу Меркур и Венера во вашето астролошко поле на љубовта, може да ви донесе средба со некоја младолика, но зафатена личност на некој јавен собир. Можна е обнова или проширување на соработката со странци.

Риби

Меркур, симболот на флертот заедно со планетата на љубовта во вашата шеста астролошка куќа навестува можност за тајни врски со колега. Ќе бидете успешни, доколку се занимавате со некоја креативна професија.

На љубовен план, спојот меѓу Меркур и Венера во петтиот знак во Зодијакот носи мноштво средби, флертови и познанства, поинтензивен контакт преку социјалните мрежи. Во овој период мажите ќе ги привлекуваат помлади жени, а жените повеќе е бидат заинтересирани за повозрасни партнери.