Loading Video...
Свет
12. September 2021 - 16:32

Меркел утре ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија

Германската канцеларка утре ќе допатува во Србија, а во вторник ќе ја посети Албанија.

Меркел во  елград ќе има средба со српскиот претседател Вучиќ додека во Тирана ќе се состане со албанскиот премиер Еди Рама, но и со шефовите на владите на Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Според најавите ќе се разговара за зајакнување на регионалната соработка.

 Според политичките аналитчари во Албанија, балканската турнеја на Меркел која за еден месец заминува во политичка пензија е потврда за тоа колкаво значење Гемранија придава на Западен Балкан.