Свет
14. November 2015 - 9:43

Меркел: Сочуство и поддршка за Париз

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека е потресена од нападите во париз и изрази сочуство до семејствата на жртвите на нападот и солидарност од нејзината земја.

- Длабоко сум погодена од вестите и фотографиите од Париз. Во овие моменти мооите мисли се со жртвите на очигледно терористичкиот напад, членовите на нивните семејства, како и сите луѓе во Париз, рече Меркел.

Таа истакна и дека сојузната Влада во Берлин е во контакт со француската Влада, на која и ја пренела своето сочуство и солидарност.