Меркел: САД треба повеќе да се ангажираат во бегалската криза
Германскиот канцелар Ангела Меркел ги повика САД да примат повеќе баратели на азил, во момент кога Европа се мачи да се соочи со најголемиот прилив на мигранти од Втората светска војна, јави ДПА.
- Не изгледа сосема реално Европа сама да се соочи со оваа ситуација, без помош од САД, рече Меркел пред пратениците на нејзината Христијанско-демократска унија и на коалицискиот партнер, баварската Христијанско-социјална унија.
Таа нагласи дека САД можат да преземат повеќе бегалци од Сирија, како и да ги подобрат условите за живот на Сиријците во бегалските кампови во Либан, Јордан и Турција.
Меркел истакна дека не очекува брзо решавање на бегалската криза на утрешната вонредна средба на лидерите од Европската унија.
- Решение нема да се најде веднаш. Потребни ни се трпение и издржливост, додаде таа.
Германија е земја во Европа, која прими најмногу азиланти, при што се очекува до крајот на годината нивната бројка да достигне рекордни милиони лица.
САД објавија дека ќе примат најмалку десет илјади сириски бегалци во текот на фискалната 2015-та година, која почнува следниот месец. Тие лица ќе бидат дел од вкупно 85 илјади бегалци, кои се очекуваат во САД од целиот свет оваа година.
Белата куќа вчера соопшти дека одделува дополнителни 419 милиони долари за хуманитарна помош за сириските бегалци, со што американската помош достигна 4,5 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право