Свет
11. November 2018 - 18:23

Меркел: Првата светска војна ни покажа колку изолационизмот може да биде деструктивен

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика светските лидери да го промовираат мирот избегнувајќи изолационизам и да ги поддржуваат меѓународните организации.

Таа денеска одржа говор на Парискиот мировен форум што го организира францускиот претседател Емануел Макрон, по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.

– Првата светска војна ни покажа како изолационизмот може да биде деструктивен. Ако беше лошо пред сто години, што би било сега ?, истакна Меркел.

– Мораме да се грижиме, да го заштитиме и да го продолжиме тоа што беше воспоставено по светските војни, рече таа и додаде дека Обединетите нации „ја заслужуваат сета наша поддршка“.