Свет
16. February 2018 - 18:05

Меркел повика на заедничка надворешна политика

 Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сака Европската унија да презема понатамошни чекори кон заедничка надворешна политика.

Таа го искажа тој став денеска на средбата во Берлин со италијанскиот премиер Паоло Џентилони.

Меркел нагласи оти тоа е „многу амбициозен дневен ред“ за реформи во ЕУ. Унијата веќе има заедничка политика кон Африка и Меркел тоа го потенцираше како добар пример.

– Сега ни треба истото и за други региони во светот, нагласи таа.

Меркел и Џентиолони ја истакнаа неопходноста од заедничка процедура за давање азил и од реформи на т.н. Даблински правила