Свет
26. February 2021 - 9:32

Меркел потврди дека ковид пасошите сигурно ќе бидат достапни на лето

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави вчера дека дигиталниот сертификат за вакцинација, кој ќе им овозможува на луѓето да патуваат низ Европа и покрај пандемијата коронавирус, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рекла Меркел на конференцијата за новинари после самитот на ЕУ, кој се одржа во онлајн формат, пренесува Ројтерс.

Германската канцеларка додала дека на ЕК ќе и бидат потребни околу 3 месеци да развијат техничка основа за таков документ.