Свет
18. August 2016 - 16:58

Меркел, Оланд и Ренци ќе разговараат за Брегзит

Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци на 22 август ќе разговараат за излегувањето на Велика Британија од Европска унија, соопшти денеска Елисејската палата.

Средбата ќе се одржи на италијанскиот остров Вентотене, а целта е „подготовка за претстојните важни настани во европската заедница“ како што е самитот на ЕУ. што ќе се одржи на 16 септември во Братислава.

Портпаролката на Европска комисија, Наташа Берто изјави дека и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе учествува на средбата меѓу Меркел, Оланд и Ренци.