Свет
28. јуни 2017 - 22:58

Меркел: Иднината на 27-те земји од ЕУ е приоритет во преговорите за Брегзит

Германија и другите земји од ЕУ ќе ги водат преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата во атмосфера на пријателство, но сепак, приоритет ќе биде зачувување на единството на преостанатите 27 членки на Унијата, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

- Ние, се разбира, ќе преговараме во атмосфера на пријателство, секогаш кога тоа е можно, рече Меркел. - Но она што треба да го направиме е 27-те земји од ЕУ да се погрижат за својата иднина. Би било фатално ако од вид ги изгубиме иднината и единството на 27-те од ЕУ на сметка на одржување фер преговори со Велика Британија."

Меркел изјави дека преговорите за Брегзит не се „листа на желби".

- Одлуката за напуштање ја донесоа Британците, потенцираше Меркел.