Македонија
29. April 2019 - 16:07

Меркел и Заев во Берлин во мисија за убедување на Макрон за преговори во јуни

Дали Меркел и Заев ќе го убедат Макрон дека Македонија е подготвена да ги стартува преговорите за членство во Европската унија во јуни. Во пресрет на конференцијата посветена на идинината на земјите од Западен Балкан, која денеска се одржува во Берлин, германските медиуми анализираат што ќе биде во фокусот на најавените средби на македонската делегација предводена од премиерот Заев со домаќините Макрон и Меркел.

Германски ФАЦ под наслов „Србија не припаѓа кон Европската унија“, пишува дека Северна Македонија  е единствената земја од регионот која заслужува да добие награда од унијата за храбрите компромиси и промената на името. Дека Меркел ќе ги искористи сите аргументи да го убеди Макрон земјава да добие шанса да ги отпочне преговорите со ЕУ пишува и германскиот весник Велт, кој потсетува дека Фрабција е една од водечките земји членки на умијата која смета дека Македонија и Албанија треба да го причекаат датумот за пристапните преговори најрано до септември.

Премиерот Заев денеска патува во Берлин во друштво на министерите Османи и Димитров. Пред стартот на конференцијата предвиденот е да остварат одвоени средби и со германската канцеларка и со францускиот претседател. Според најавите пак во фимусот на овој мини самит ќе бидат разговорите ќе биде унапредувањето на регионалната соработка и решавање на отворените прашања помеѓу земјите од регионот како нормализирање на  дијалогот помеѓу Србија и Косово.