Свет
13. December 2016 - 15:11

Меркел и Оланд за продолжување на санкциите за Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјавија дека на претстојниот самит на Европска унија треба да се одлучи за продолжување на санкциите за Русија поради конфликтот во Украина.

- Мораме да продолжиме да ги применуваме условите од Договорот од Минск, а кога тие нема да се исполнат, мораме да продолжиме со санкциите, истакна Оланд на заедничката прес-конференција со Меркел.

Таа, пред состанокот со Олан во Берлин, наведе дека би требало да се продолжат санкциите кон Русија поради недостиг од напредок во примена на Договорот од Минск за прекин на огнот.

- Неопходно ќе биде повторно да се продолжат санкциите за Русија, иако би сакале поголем напредок во процесот на имплементација, посочи Меркел.