Свет
15. December 2017 - 17:28

Меркел и Макрон најавија договор за еврозоната до март

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека до март 2018 година би требало да постигне согласност со Франција за идните реформи во Еврозоната.

Од грчката финансиска криза, европските држави дискутираат како да ја реформираат унијата на држави обединети околу еврото како валута, со разни предлози како на пример формирање на заедничко министерство за финансии и издавање на заеднички обврзници.

- Разговарав со францускиот претседател за усогласување на нашите ставови до март. Ќе дојдеме до заедничко решение кое и е потребно на Европа, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон изрази надеж дека до март Германија ќе има нова влада, со што ќе може да се постигне согласност за еврозоната.