Меркел: Германија преговара со Турција да дозволи посета на пратеници на базата Инџирлик
Германија преговара со Турција да им биде дозволено на пратеници од Бундестагот да ги посетат 250-те германски војници, распоредени во турската воздухопловна база „Инџирлик“, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, која е во посета на Прага.
Според неа, војниците дејствуваат ефикасно од базата, како дел од коалицијата против Исламска држава и таа изрази надеж дека тие и во иднината ќе продолжат да го прават тоа.
Меркел го поздрави коментарот на Анкара дека „Инџирлик" истовремено е и објект на НАТО.
Пратеници од Бундестагот се заканија дека ќе ја прекинат воената мисија на Германија, ако турската страна не им дозволи да ја посетат базата. Во јуни, турските власти лути поради резолуцијата на Бундестагот, со која се признаа за геноцид убиствата на Ерменците во 1915 година, одби да овозможи пристап на германска парламентарна делегација до базата. Турција се закани дека нема да дозволи ваква посета, која беше предвидена за октомври.
Претходно денеска, германското Министерство за одбрана соопшти дека „Германија се уште сака нејзината армија да ја користи турската воздухопловна база Инџирлик за разузнавачки летови во борбата против „Исламска држава", но разгледува и алтернативни варијанти, поради спорот со Анкара.
Портпаролот на Министерството изјави дека вооружените сили испитуваат други опции за стационираните шест разузнавачки авиони, авионот цистерна и 250 војници, во случај германските пратеници да гласаат за прекин на користењето на базата во Турција, поради одбивањето на Анкара да им дозволи да ја посетат.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот