Свет
28. January 2017 - 13:56

Меркел: ЕУ засега не може да склучи спогодба со Либија за реадмисија на бегалците

Европската унија треба да дејствува заеднички со Либија против нелегалната миграција, но засега не може да склучи спогодба за реадмисија на бегалците со таа земја, како онаа со Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во неделното видео обраќање, објвено денеска на владината веб страница. 

- Секако дека би сакале да ја спречиме нелегалната миграција. И според нас тоа е во интерес на самите бегалци, рече Меркел и напомена дека минатата година во Средоземното Море се удавиле над четири илјади лица, од кои повеќето на пат од Либија за Италија. 

Според неа тоа наложува потесна соработка со Либија во борбата против нелегалната миграција, но засега ситуацијата не и овозможува на ЕУ да склучи со либиските власти спогодба, како таа со Турција.

- Тоа ќе биде можно кога ќе се подобри политичката ситуација во Либија, кога владата на национално единство навистина ќе стане влада и ќе ја преземе контролата во целата земја, додаде Меркел.