Меркел: ЕУ треба да склучи спогодба за мигрантите и со aфриканските земји, како онаа со Турција
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската Унија мора да склучи спогодба за мигрантите и со африканските држави, како што се Египет и Тунис, на идентичен начин како што тоа го стори со Турција, јави „Ал Џазира“.
Меркел изјави дека мора да се издвојат повеќе пари за успешно соочување со основните причини за миграцијата, и додаде дека е исклучително важно „да се спречи повторување на ситуацијата од минатото лето“, кога бегајќи пред војната и сиромаштијата стотици илјади луѓе од земјите на Блискиот исток ја обележаа најголемата европска бегалска криза по Втората светска војна.
- Важно е на африканските држави да им понудиме перспектива за иднината. Или мораме да ги пуштиме луѓето да дојдат овде или мораме да се соочиме со основните причини за миграцијата, за луѓето да сфатат дека со останувањето во своите домови имаат некоја перспектива, рече Меркел.
Таа не изнесе конкретни детали за потенцијалната спогодба меѓу ЕУ и африканските земји, кои, за разлика од Турција, не се кандиди за членство во Унијата.
За потребата од склучување спогодба со африканските земји последен пат се зборуваше на самитот Г20 во Кина.
По изборниот пораз во Берлин, Меркел призна дека направила грешки кај некои одлуки донесени во текот на бегалската криза.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација