Свет
18. October 2016 - 12:15

Меркел домаќин на средбата на претседателите на Русија, Украина и Франција

Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел соопшти денеска таа ќе биде домаќин на средбата на претседателите на Русија, Украина и Франција, на која утре ќе бидат разгледани напорите за постигнување мир во источна Украина.

Во соопштението се наведува дека Меркел ги поканила рускиот претседател Владимир Путин, неговиот украински колега Петро Порошенко и шефот на француската државам Франсоа Оланд за да направат оценка за исполнување на договореното од Минск од минатата средба и да ги разгледаат следните чекори во процесот. 

Четворицата лидери имаа повремени средби, на кои дискутираа за почитување на спогодбите од белорускиот главен град, постигнати со посредство на Германија и Франција во февруари 2015 година. Последните разговори на високо ниво во тој т.н. нормандски формат се одржаа во октомври минатата година во Париз.