Свет
24. September 2015 - 8:27

Меркел бара Асад да биде вклучен во решавање на сирискиот конфликт

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се разговара со сирискиот претседател Башар ал Асад со цел да се најде решение за конфликтот во земјата, кој е причина за мигрирање на голем број Сиријци.

- Треба да се разговара со многу играчи, а меѓу нив е Асад, но и други. Не треба да се преговара само со САД и Русија, туку и со важните регионални партнери, сунитските земји како што е Саудиска Арабија, истакна Меркел на прес-конференција во Брисел по вонредниот Европски совет за миграцијата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд повторно нагласи дека „иднината на Сирија не може да минува преку Башар ал Асад“. додавајќи дека „не може да има успешна транзиција без негово повлекување од власт“.