Џет-Сет
4. November 2016 - 14:52

Мерил Стрип ќе ја добие наградата за животно дело „Сесил Б. Демил“

Холивудската актерка Мерил Стрип, која е повеќекратна добитничка на филмските признанија „Златен глобус“ и „Оскар“, е фаворит за освојување на годинешната награда „Сесил Б. Демил“ за животно дело, поради нејзиниот придонес во светот на филмот.

Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд објави дека 64-годишната актерка ќе ја освои оваа престижна награда поради, како што наведуваат, „исклучителен придонес во светот на забавата“.

Наградата „Сесил  Б. Демил“ се доделува за исклучителен придонес во филмската индустрија, а се врачува на свеченоста на доделување на „Златните глобуси“.

Улогата на Мерил Стрип во биографската комедија „Флоренс Постер Џенкинс“ најверојатно ќе и донесе номинација за најдобра глумица во комедијата или мјузиклот.

Церемонијата за доделување на наградите „Златен глобус“ ќе се оддржи на 8 јануари 2017, а номинациите ќе бидат објавени на 12 декември оваа одина.

Наградата „Сесил Б. Демил“ минатата година му припадна на глумецот Дензел Вашингтон, а претходно ја добиваа и Џорџ Клуни, Џoди Фостер, Морган Фримен, Мартин Скорсезе.