Loading Video...
Ф1
7. November 2021 - 15:45

Мерцедесите пред болидите на Ред Бул на стартот на мексиканското Гранд-при

 
Два болиди на Мерцедес пред двата на Ред Бул. Вака ќе изгледаат првите два стратни реда на вечерашната 18-та трка во Формулa 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Мексико. 
 
Валтери Ботас оставри најбрзо време во кваликациите, па Финецот ќе ја има пол-позицијата, трета за него сезонава. 
 
Веднаш заднего од првиот ред ќе стартува неговиот тимски колега и актуелниот првак Луис Хамилтон. 
 
Зад двоецот на Мерцедес, од вториот стартен ред, трката ќе ја започнат возачите на Ред Бул, лидерот во генералниот пласман Макс Верстапен и домашниот фаворит, Мексиканецот, Серхио Перез. 
 
Во пресрет на вечерашната трка, а на вкупно пет до крајот на сезоната возачот, Верстапен има само осум бодови повеќе од Хамилтон. 
 
Стартот на мексиканското Гранд-при е закажан за 20 часот .