Македонија
20. January 2022 - 11:51

„Мерцедес“ и „голф“ се судриле на излезот од Струга, повреден маж

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на излезот од Струга, на регионалниот пат Струга – Дебар.

СВР Охрид денеска соопшти дека во незгодата учествувале две патнички возила „Голф“, и „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки.

– Вчера во 20 часот и 20 минути, на регионалниот пат Струга – Дебар, случена е сообраќајна несреќа меѓу „Голф“, управуван од Д.Г.(37) од Струга и „Мерцедес“, управуван од Т.П.(25) од струшкото село Ложани, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата возачот Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на несреќата, увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.