Менаџментот на САСА ја поздрави одлуката за прекин на блокадата до рудникот
Менаџментот на рудникот САСА од Македонска Каменица ја поздравува одлуката за прекин на дводевната блокада на пристапниот пат до рударскиот капацитет, донесена по синоќешната средба во Владата, а со која воедно беше ставен во мирување штрајкот на рударите.
- На овој начин, благодарение на интервенцијата на институциите, се овозможува продолжување на редовното функционирање на рудникот и се избегнуваат натамошните штети за компанијата, за сите нејзини 700 вработени и за големиот број партенери, соопшти менаџментот на САСА.
Оттаму оценуваат дека штетите од дводневната блокада на рудникот ќе биле избегнати доколку се почитувале прописите и Законот за работни односи на кои упатувале и инсистирале, а кои, наведуваат, јасно ги пропишуваат начинот и постапката за остварување на сите прашања поврзани со правата од работен однос.
- Уште од првиот момент на преземање на компанијата од страна на новиот инвеститор - компанијата Централ Азија Металс, во ноември минатата година, менаџментот на рудникот САСА ги почитува и сериозно пристапува кон сите потреби и барања на вработените во САСА. Ваквиот однос кон барањата на вработените ќе продолжи и во иднина, но исклучиво според процедурите предвидени со Законот, се вели во соопштението.
Претходно, претседателот на сидикалната организација на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов информираше дека по одлуката за ставање во мирување на штрајкот и за прекин на блокадата синоќа по 22 часот и 30 минути се тргнати блокадите од локалниот пат во Долна Саса, а од денеска рударите почнуваат со редовна работа.
Во рудникот за олово-цинк „Саса“ се вработени околу 700 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација