Менаџментот на САСА и синдикатот ги почнаа преговорите за барањата на вработените
Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот почнаа вчера попладне, со состанок што се одржа во седиштето на МЕСО - Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје.
На состанокот беше констатирано дека се исполнети сите предуслови за почеток на процесот, а беше договорен и составот на двата преговарачки тима. Синдикалниот тим го сочинуваат претставници од редот на вработените во САСА, номинирани од страна на МЕСО.
Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените и истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од што придобивки ќе имаат сите, вклучувајќи ја и пошироката заедница. Притоа, од претсавниците на менаџменот на рудникот уште еднаш беше нагласено дека тие остануваат подготвени отворено да разговараат за сите потреби на вработените во САСА, но исклучиво според одредбите и процедурите од Законот за работни односи и останатите законски прописи од оваа област.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера