Фудбал
21. May 2016 - 19:38

Ин мемориам: Замина уште една македонска фудбалска легенда

Денеска на 97 годишна возраст почина доајенот на македонскиот фудбал Миле Герасимовски – Гале.

Првиот прволигашки фудбалски настап Гале го одигра на шестнаесет годишна возраст во далечната 1935 година за ФК Југ од Скопје.

Играше за фудбалските клубови: Победа, Вардар и Работнички, но секогаш велеше Работнички му е во срцето.

Погребот ќе се изврши на 23.05.2016 година на градските гробишта "Бутел", посмртните останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот.