ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот голман и тренер Зоран Мишиќ (1936-2019)
Денеска во 82 година од животот почина легендата на македонскиот фудбал, прославеното голманско име Зоран Мишиќ. Човекот кого го нарекуваа главен „виновник“ за создавањето на „Тајфунот од Чаир“некогашниот Балкан. Во својата долгогодишна фудбалска кариера беше фудбалер на Вардар, Ријека, Утрехт, а настапуваше и за еден од африканските фудбалски тимови. Подоцна работеше како тренер на екипата на Балкан, но и на Работнички, Борец, Осогово и Слога Југомагнат.
Најголем успех во тренерската кариера му беше настапот со Балкан во некогашната Втора Југословенска лига. На него ќе се сеќаваме и како помошник на Хаџиевски про првата селекција на Македонија во 1993 година кога нашата фудбалска репрезентација одигра меч со селекцијата на новинарите во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ