Бизнис
8. May 2017 - 8:51

Меморандум за соработка меѓу ССК и АЦВ

Директорите на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Александар Зарков и Горан Јандреоски денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Целта на меморандумот, како што соопшти ССК, е зајакнување на деловната соработка на неколку актуелни полиња со цел компаниите навремено да бидат информирани за едукативни и проектни активности.

Меморандумот за соработка ќе биде потпишан и како најава за претстојната работилница за компаниите членови на ССК, со предавач од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од Англија насочена кон политиките и правилата за јавни набавки во ЕБОР Проекти.