Џет-Сет
12. јуни 2017 - 9:52

Меланиja Трaмп и нејзиниот син се вселија во Белата куќа

Американското претседателско семејство конечно се собра под еден покрив во Белата куќа.

Пет месеци по Доналд Трамп, вчера и неговата сопруга Меланија и нивниот најмал син Барон се сместија во својот нов дом.

Претходно, првата дама ја прекши традицијата и по инаугурацијата на својот сопруг, остана да живее во „Кулата Трамп“ во Њујорк, за 11-годишниот Барон да може да ја заврши учебната година.

Минатата среда, претседателот го прослави својот 71-ви роденден.

Се очекува Барон наесен да го продолжи образованието во приватно училиште во Мериленд.