Џет-Сет
25. August 2019 - 18:49

Меланија го одзема здивот каде и да оди: Сите гледаа во нејзиниот фустан дури и француските гардисти

Како и обично, американскиот претседател Доналд Трамп на патувањето во Франција ја поведе и сопругата Меланија, а вој пат повод беше Самитот Г7.

Штом слетаа, привлекоа многу внимание, посебно гардеробата на првата дама на САД.

Фотографот на агенцијата АП успеа да ја фати реакцијата на војниците кои го обезбедуваа теренот.

Може да се види декат тие скришум гледаа додека таа поминуваше.

Инаку, Меланија одбра фустан од Келвин Клајн од 650 долари која ја комбинираше со пинк потпетици.