Џет-Сет
15. September 2017 - 14:50

Меланија блесна во фустан од 8.000 долари

Меланија Трамп го поддржа својот сопруг Доналд на официјална вечера на непрофитната организација „White House Historical Association“.

71-годишниот претседател и 47-годишната прва дама на САД ја искористија пригодата за им оддадат почит на настраданите во ураганите Ирма и Харви.

„Заедно, сите ние тагуваме за овие жртви. Заедно се залагаме да ги издигнеме нашите населби од најдлабокиот очај“ – рекла таа во нејзиниот говор.

Меланија буквално блескаше во креација од Моник Лулие додека говореше пред присутните. Светкавиот фустан чини 8.000 долари.