Свет
2. December 2019 - 8:51

Мексико: Нови судири на полицијата со нарко картел, убиено 21 лице

Безбедносните сили на Мексико убија уште седум членови на нарко картел, чии припадници претходно со конвој камиони упаднаа во градот во близина на границата со Тексас и го нападнаа градското собрание.

Властите соопштија дека бројот на убиени е зголемен на 21.

Безбедносните сили, потпомогнати со хеликоптери, и натаму трагаат за преостанатите членови на картелот кои вчера извршија напад во местото Вила Унион.

Гувернерот на државата Коахиља, Мигел Ангел Рикелме рече дека 14 луѓе се убиени до вчера попладне, меѓу кои и четворица полицајци.

Според него, неколку работници од општината се водат за исчезнати.

Вооружената група упаднала во градот со 3.000 жители, напаѓајќи ги локалните владини канцеларии поради што реагираа федералните служби.