Свет
22. November 2018 - 9:07

Мексиканските власти приведоа над 200 илегални мигранти

Мексиканските власти приведоа вкупно 213 мигранти, по потекло од централноамериканските држави, кои се движеле кон САД како дел од т.н. мигрантски карван, соопшти Националниот институт за миграција на Мексико.

Во соопштението се посочува дека мигрантите биле приведени додека се движеле по еден пат на потегот меѓу мексиканско-гватемалската граница и градот Тапачула во јужно Мексико.

Меѓу приведените има 186 државјани на Салвадор, 16 на Гватемала, 10 на Хондурас и еден на Гватемала.

Институтот информира дека сите приведени мигранти кои немаат валидни документи ќе бидат вратени во нивните матични држави.