-->
-->
Мексикански градоначалник го врзаа за автомобил и го влечеа по патот: Не ги исполнил предизборните ветувања па го потсетија
-->
Единаесет лица се уапсени откако градоначалникот на едно место во мексиканската држава Чиапас го извлекле од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по улиците, зошто наводно не го исполнил предизборното ветување дека ќе ги поправи локалните патишта.
Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот го нападнале земјоделци, пишува Би Би Си.
Градоначалникот Хорхе Луос Ескадрон Ернандес многу брзо го ослободила локалната полиција, а тој не претрпел сериозни повреди, но најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.
На видео снимките се гледа група мажи како го киднапираат градоначалникот од зградата и подоцна го влечат по патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот