Мекгрегор уапсен во Флорида

Ѕвездата на ММА, Конор Мекгрегор помина неколку часа во притвор во Флорида. Причината е кршење на телефон на фан и потоа ги зел остатоците од камерата со него. Тој е обвинет за уништување туѓа сопственост, како и за кражба.
Инцидентот се случил околу 5 часот по локално време во Мајами Бич. Фанот на Мекгрегор направи фотографија со него во лоби бар на локален хотел што го навредило Ирецот. Тој му го одзел телефонот, го скршил и го зел со себе.
Ова предизвикало жртвата да се обрати кон полицијата, тврдејќи дека штетата на неговиот апарат изнесувала над 1.000 долари. Кратко потоа, Конор Мекгрегор беше уапсен и помина неколку часа во притвор во полицијата во Мајами.
ММА-ѕвездата може да има уште посериозни проблеми, бидејќи тој повторно е обвинет за слични обвиненија, по инцидентите во Њујорк. Ова се случи во април минатата година, па сега можеби ќе му се наметне да извршува социјално корисна работа.
Ново на Сител
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога ќе бидат усвоени законите за правосудството?
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

За 12 часа 65 000 прекршоци регистрираше Сејф Сити
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
