Loading Video...
Свет
16. January 2019 - 16:32

Меј вечерва се соочува со ново гласање

Британскиот парламент вечерва ке гласа за доверба на владата на Тереза Меј. Мали се шансите опозициските лабурсти   кои го иницираа гласањето да успеат да ја  урнат  владата и да предизивкаат нови избори оценуваат  британските аналитичари. Доколку  владата го преживее  гласањето за доверба , премиерката ќе се соочи со неколку ужасни избори со цел да го реши проблемот со брегзит вели аналитчароот Роб Ватсон.

-Според мене има 4 ужасни избори: едно е да го омекне пристапот, да пристапи и до други страни, но со тоа ќе направи многу фракции во конзервативната партија, затоа и до сега не го направила ова, друго може да оди   без договор, но многу во бизнисот како и во нејзината партија се против оваа опција, третто може да оди на нов референдум, а знаеме дека ни она не го смета ова како опција. Последно, и ми изгледа како најверојатно, е да побара од Брисел одложување, вели Ватсон.

Велика Британија да ги разјасни своите намери  што е можно поскоро порача Брисел откако синока британските парламент со 432 гласа го одби прелдогт на Меј со европските партнери за излезот на Британија од унијата. Унијата се подготува  и за брегзит без договорт  Британија треба да го напушти евопрскиот клуб на 29 март со или без договор. Меј сметеа дека постгнатиот договот ќе ги заштити британските  работни места,трговијата,  мировниот порцес во Северна Ирска и отворената ираска граница.