Свет
7. September 2016 - 16:00

Меј: Нема да ги откриваме сите карти во преговорите за брегзит

На Велика Британија ќе и биде потребно време да договори каков однос ќе има со Европската Унија по напуштањето на овој блок, и не планира предвреме „да ги открива сите карти“, изјави денеска британскиот премиер Тереза Меј.

- Знам дека многумина се нестрпливи да видат брз напредок и да дознаат како Велика Британија ќе изгледа по Брегзитот. Продолжуваме со оваа важна работа, но, исто така, овие прашања мораме да ги разгледаме на трезвен и промислен начин, рече премиерката во Парламентот, пренесоа британските медиуми.

Таа додаде дека одлуките нема да бидат донесени се додека се не биде подготвено.

- Нема да донесуваме одлуки се додека не бидеме подготвени, нема предвреме да ги откриваме нашите карти и нема постојано да коментираме за секој дел од преговорите, додаде Тереза Меј.