Свет
14. November 2015 - 13:31

Меѓународната заедница се соочува со модерен фашизам

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека нападите во Париз и другите неодамнешни терористички напади покажуваат дека меѓународната заедница се соочува со некој вид модерен фашизам, кој тежнее кон уништување и создавање хаос.

- Единствено што можеме да им кажеме на тие луѓе е дека она што тие го прават само ја јакне нашата одлучност да им се спротиставиме, изјави Кери пред дипломатите во Виена, каде се водат разговори за Сирија.

Кери ги опиша нападите во Париз како „гнасни, зли и грешни“, нарекувајќи ги напад на општата хуманост.