Македонија
28. October 2016 - 19:14

Меѓународна судска конференција во Охрид

Актуените случувања на општествената сцена во Македонија особено во политичкиот корпус за жал успешно го инволвираа судството и фрлија сомнеж во неговата независност и самостојност.

Судството и судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг.

Судите треба слободно и независно да ја вршат својата функција никој не смее да влијае на донесувањето на судските одлуки, а уште помалку да ги повикува судиите на одговорност за донесена одлука беше истакнато на првата меѓународна судска конференција на тема независно судство.

Во регионот постојат одредени притисоци кои влијаат на независноста во судството.

Судиите од Југоисточна Европа и Америка на меѓународната конференција во Охрид дискутираа за предзивиците и искуствата за независно судство почитување на неговата независност и судската етика.