Македонија
28. October 2016 - 8:42

Меѓународна судска конференција „Независно судство“

Прва меѓународна судска конференција на тема „Независно судство“ ќе се одржи денеска и утре  во Охрид, во организација на Врховниот суд и Здружението на судии на Македонија, во соработка со CEELI Institute од Прага и со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.       

На настанот ќе бидат опфатени теми во врска со предизвиците, добрите практики и искуства за независно судство во поглед на законодавната, финансиска и функционална независност, поддршка на позитивната перцепција за судството и почитување на неговата независност, континуираната едукација и судската етика, транспарентното судство и односот со медиумите.

На конференцијата ќе присуствуваат претседателот и судии на Врховниот суд на Македонија, на апелационите и основните судови, членови на Здружението на судии, Здруженија на судии, судии од судската мрежа CEELI Institute од Прага на земјите учеснички, како и претставници на CEELI Institute Прага и Амбасадата на САД во Македонија, најавија организаторите.