Македонија
6. јуни 2016 - 20:20

Mеѓународна конференција за платни системи во Oхрид

Според статистичките податоци електронското плаќање е во нагорен тренд и бележи двоцифрени стапки на раст на годишно ниво а се зголемува и плаќањето со мобилни телефони. Според експертите најбитно за нашата земја е процесот на усогласувањето на националното законодавство со она на ЕУ од областа на плаќањата .

Државите од ЕУ особено внимание посветуваат на следење на најновите форми на измами во процесот на плаќање .

На 9тата меѓународна конференција за платни системи присутните од банкарскиот сектор дебатираат за новиот нацрт-пакет на македонското законодавство во доменот на плаќањата, најновите иновации во платежна област и  развојот на безбедноста.