Меѓународен ден на жената
Меѓународниот ден на жената - 8 Март денеска ќе биде одбележан во Македонија. Организирани се низа манифестации и трибини посветени на жената, а вообичаено на овој ден им се подаруваат цвеќе и подароци.
По повод празникот, Платформата за родова еднаквост ќе организира Марш за човекови права, кој ќе почне напладне од плоштадот Карпошово востание, ќе продолжи преку Камениот мост и плоштадот „Македонија“ и ќе заврши во паркот „Жена-борец“.
Националниот совет за родова рамноправност во соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, Домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани и организацијата „Зур Артикрафт“ организира изложба и базар на ракотворби.
Статистичките податоци говорат дека во Македонија од вкупниот број на население, 49,9 проценти се жени и оти тие живеат 3,9 години подолго од мажите.
Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 57,1 процент, како и бројот на жени магистри односно 58,6 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година имало и 143 жени доктори на науки.
Вкупно биле вработени 282.078 жени, а кои 76,3 проценти биле вработени во компании во приватна сопственост. Над 95 проценти од жените се вработени со цело работно време.
Меѓународниот ден на жената е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 година овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година